На 7 - 8 октомври, 2017 година во хотел Дрим, Струга се одржаа нотарски денови организирани од страна на Нотарската комора на РМ. Нотарските денови ги отвори г-дин Васил Кузманоски, Претседател на Нотарскa комора на Република Македонија, со краток осврт кон изборот на темите, а беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Нотарската комора на РМ застапувана од Претседателот, г-дин Васил Кузманоски и Правниот факултет,, Јустинијан Први” Скопје застапуван од деканот, проф. д-р Горан Коевски.
