Во периодот 13 -14 мај 2017 година во хотел Метропол, Охрид се одржаа пролетните нотарски денови организирани од страна на Нотарската комора на РМ.

На овој настан свечено беа доделени златници со лого на Нотарската комора на РМ на нотарите кои навршиле 10 години од нотарското работење и сребреници со позлатено лого на Нотарска комора на РМ на оние нотари кои навршиле 15 години од нотарското работење.

 

Како теми на ова стручно советување беа опфатени

 

"Некои отворени прашања за формата на договорите во македонското договорно право по донесување на новиот Закон за нотаријат, во пресрет на граѓанската кодификација”

Излагач: проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска
 

,,Нотарски платен налог ,,

Излагач: нотар Олга Димовска, член на Управен одбор на НКРМ


,,Разликите помеѓу судски платен налог и нотарски платен налог и постапка по приговор по нотарски платен налог,,

Излагач: Г-дин Александар Шопов, претседател на Основен суд Велес

 
,,Судска заштита на законитоста на нотарските исправи (нотарски акти и потврдени приватни исправи)”

 

Излагач: Д-р Фиданчо Стоев, судија во пензија

,,Презентација за СНС маркички (безбедна циркулација на нотарските исправи),,

Презентер: нотар Зорица Пулејкова

4795

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30