Претставници на Нотарската комора на Република Северна Македонија зедоа учество на 92. Средба на правниците, која се одржува од 29 до 31 октомври 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол“ во Охрид, во организација на Здружението на правници на Република Северна Македонија.

Една од значајните теми на средбата беше новиот Закон за парничната постапка од 2026 година, со осврт на суштинските новини и реформските решенија. Програмата опфaќаше и други актуелни прашања, меѓу кои независноста и одговорноста на правосудството, меѓународната трговска арбитража, арбитражата и стечајот, како и правното управување со ризици.

Учеството на претставниците на Комората е во насока на следење на законските новини, размена на стручни искуства и унапредување на соработката со другите правни професии.

(мандатен период 2020-2023 година)

 

На редовното изборно Собрание на Нотарската комора на Република Северна Македонија, кое се одржа на ден 4 јули 2020 година во Скопје, се изврши избор на претседател и на членови на органи (Управен одбор, Надзорен одбор, Дисциплински совет) на Нотарската комора на Република Северна Македонија за мандатен период 2020 -2023 година.

-За претседател на Нотарската комора на Република Северна Македонија за мандатниот период 2020-2023 година избран е НОТАР МЕТОДИЈА РИСТОСКИ од Скопје.

meto govor kandidat za pretsedatel

(нотар Методија Ристоски, претседател на Нотарска комора на РСМ)

Повеќе...

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на 26 октомври 2026 година се одржа завршниот настан на проектот „Континуирано правничко образование и квалификации за модерна правна професија“, на кој Нотарската комора на Република Северна Македонија беше претставувана од нотар Наташа Пејкова од Скопје.

На настанот беа претставени клучните наоди и резултати од проектот, со посебен осврт на значењето на континуираното стручно усовршување и надградувањето на професионалните знаења, компетенции и вештини на правниците.

Посебно внимание беше посветено на размената на искуства и ставови меѓу претставниците на академската заедница и правните професии во однос на потребата од систематско и континуирано надградување на професионалните знаења, компетенции и вештини на правниците. Воедно, беа разгледани можните форми, модели и перспективи за натамошно развивање и унапредување на правничкото образование.

Учеството на претставник на Нотарската комора е во насока на поддршка на иницијативите за континуирано стручно усовршување и зајакнување на соработката со академската заедница и другите правни професии. Ваквите настани претставуваат значајна можност за размена на искуства и за согледување на потребите од натамошно унапредување на професионалното образование, во интерес на квалитетното вршење на нотарската служба и правната сигурност на граѓаните.

Врз основа на утврдената мерка на Владата на Република Северна Македонија донесена на својата 32 - та седница одржана на ден 31.3.2020 година, со која се формира солидарен фонд COVID-19 фонд, односно наменска сметка за примање на донации од правни и физички лица кои ќе имаат можност и волја да донираат средства кои ќе се користат за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот и јавниот повик од претседателот на Владата на РСМ, Управниот одбор на Нотарската комора на Република Северна Македонија на ден 14.4.2020 година донесе одлука за активно вклучување во акцијата за донација и доделување на парични средства за поддршка и помош во справувањето во борбата со ширење на коронавирусот. Во донацијата на повик на Нотарската комора се вклучија и дел од нотарите од Република Северна Македонија со свои финансиски парични средства на доброволна основа.

Повеќе...

Хуманоста и споделувањето се неизоставен дел од празничната традиција која Нотарската комора на Република Северна Македонија ја практикува низ годините. Оваа година ја посветивме на Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово и Центарот за деца со церебрална парализа во Скопје.
2019 donacija centar skopje slika 
Повеќе...
Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30