На 25 октомври нотарските канцеларии ќе бидат отворени за граѓаните во текот на цело работно време за да можат одблиску да се запознаат со работата, надлежностите и одговорноста која ја носи нотарската професија, постапките во кои би можеле граѓаните да се најдат пред нотарите, како и други прашања поврзани со нотаријатот како институција која е дел од правосудниот систем во државата.
Нотаријатот во Република Македонија, како важен сегмент во правниот систем на државата и во иднина, ќе ги поддржува ваквите активности сè со цел обезбедување поширок пристап до правдата на граѓаните.