На 1 Април 2017 година во хотел Александар Палас, Скопје се одржа 19 -тото Редовно Годишно Сoбрание на Нотарската комора на РМ.

На Годишното Собрание беа усвоени извештаите од работењето на органите на Нотарската комора на РМ во претходната година, додека од страна на претседателот г-дин Васил Кузманоски беа изнесени резултатите од успешното функционирање на нотаријатот во Република Македонија.

Read more ...

Во периодот од 28-29.06.2017 во Колашин Р Црна Гора во рамките на проектот “Родови права и право на земјиште “ во организација на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) а во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), се одржа  регионална  тркалезна  маса на тема “Родови права и право на земјиште, цели и одржлив развој“ на земјите учеснички од Западен Балкан.

Read more ...

На 12 мај 2017 година во Сараево, БИХ се одржа јубилеј – 10 годишнина на нотаријатот во Босна и Херцеговина на која како претставник од Нотарската комора на РМ, присуствуваше потпретседателот и член на Управен одбор, Наџи Зеќири. На овој настан беше промовирана и Монографијата за нотаријатот во Босна и Херцеговина.

Read more ...

Со цел за запознавање на пошироката јавност со улогата на нотаријатот во обезбедувањето на правната сигурност, Нотарската комора на РМ на ден  ден 27 април 2017 година (четврток) во хотел Холидеј ИН, Скопје организираше тркалезната маса на тема “Развојот и работата на нотаријатот во Република Македонија и неговиот придонес за остварување на поефикасен правен систем и правна сигурност”     

Read more ...

Во периодот од 2 - 4 јуни 2017 година во Анкара, Турција се одржа 46 - тиот Конгрес на Унијата на нотарите на Турција на кој како претставници на Нотарската комора на РМ присуствуваа претседателот, Васил Кузманоски и потпретседателот и член на Управен одбор, Олга Димовска и членот на Управниот одбор, Сашо Ѓурчиноски. Од името на македонскиот нотаријат од страна на претседателот Васил Кузманоски на претседателот на Унијата на турските нотари г-дин Јунус Тутар беше доделен подарок – филигран со ликот на Александар Македонски.

Read more ...

Во периодот 13 -14 мај 2017 година во хотел Метропол, Охрид се одржаа пролетните нотарски денови организирани од страна на Нотарската комора на РМ.

На овој настан свечено беа доделени златници со лого на Нотарската комора на РМ на нотарите кои навршиле 10 години од нотарското работење и сребреници со позлатено лого на Нотарска комора на РМ на оние нотари кои навршиле 15 години од нотарското работење.

Read more ...

Во периодот од 4 до 7 мај 2017 год во Анталија, Турција се одржа меѓународен симпозиум организиран од Унија на нотарите во Турција на кој како претставници од Нотарската комора на РМ присуствуваа претседателот на Нотарската комора на РМ, Васил Кузманоски, потпретседателот и членот на Управниот одбор, Наџи Зеќири и членот на Управниот одбор, Анита Адамческа. Од страна на претседателот Васил Кузманоски на претседателот на Унијата на нотарите на Турција г-дин Јунус Тутар беше доделен скромен подарок во знак на досегашна и идна успешна соработка меѓу Коморите.

Read more ...

Во периодот од 11 – 14 мај 2017 година во Тбилиси, Грузија се одржа собир на органите на Меѓународната унија на нотарите на која  учество земаа нотар Златко Николовски како член на Генералниот совет и нотар Ванчо Андоновски како член на Комисијата за човекови права при Меѓународната унија на нотарите.

Read more ...

На 27 мај 2017 година во Приштина, Косово се одржа јубилеј – 5 годишнина на нотаријатот во Косово на која како претставници на Нотарската комора на РМ присуствуваа претседателот, Васил Кузманоски, потпретседателите и членови на Управен одбор, Наџи Зеќири и Олга Димовска и поранешниот претседател на НКРМ, нотар Зорица Пулејкова.

Read more ...