Кратово

Според член 26, став 10 од Законот за нотаријатот, по исклучок, кога службеното подрачје ќе остане без нотар именуван за тоа службено подрачје, до именувањето на нов нотар на тоа службено подрачје, нотарската служба за тоа службено подрачје ќе ја врши нотарот од соседното службено подрачје, определен со решение на претседателот на Комората, по претходно прибавено мислење од Управниот одбор на Комората.

Нотар кој е определен да ја врши нотарската служба на службено подрачје Кратово е нотар Мартин Божиновски од Куманово.