На 27 мај 2017 година во Приштина, Косово се одржа јубилеј – 5 годишнина на нотаријатот во Косово на која како претставници на Нотарската комора на РМ присуствуваа претседателот, Васил Кузманоски, потпретседателите и членови на Управен одбор, Наџи Зеќири и Олга Димовска и поранешниот претседател на НКРМ, нотар Зорица Пулејкова.
Во знак на добра соработка и понатамошни успеси во развојот на нотаријатот во Република Косово, на претседателот на Нотарската комора на Република Косово г-ѓа Арбена Шеху од страна на претседателот на Нотарската комора на Република Македонија г-дин Васил Кузманоски и беше даден подарок од обетки гулабици – тема од македонското народното творештво кои потекнуваат од античко време пронајдени на локалитетот Трбенишко кале Охридско од 3 век пред нашата ера.