На 10 ноември 2018 година во хотел Континентал беше одржан Нотарски ден во организација на Нотарската комора на Република Македонија.
На 10 ноември 2018 година во хотел Континентал беше одржан Нотарски ден во организација на Нотарската комора на Република Македонија.
Со свечена академија во хотел Holiday INN, Скопје на 16 јуни 2018г. Нотарска комора на Република Македонија одбележа 20 години од постоењето на нотаријатот.
Студиска посета во Дрезден, Германија
Делегација составена од Потпретседателката на Нотарска комора на РМ, нотар Олга Димовска, претставник од Министерство за правда, Сектор за извршување, нотаријат и медијација, Помошник раководител на Секторот за извршување, нотаријат и медијација Владимир Јанковски и претставник од Нотарска комора на РМ, стручен соработник м-р Анастазија Анастасовска во организација на Германското друштво за интернационална соработка – ГИЗ, преку Отворениот регионален фонд за југоисточна Европа – правна реформа и Германската федерална нотарска комора, од 27.2.2018 година до 3.3.2018 година присуствуваше на студиска посета во Дрезден, Германија.
25 -ти Октомври е Европски ден за граѓанска правда што секоја година се одбележува во сите држави во Европа со цел доближување на правдата до граѓаните преку запознавање со нивните основни права во повеќе области.
На 21 и 22 април, 2018 година во хотел Метропол и Белви, Охрид беа одржани редовните Нотарските денови во организација на Нотарската комора на Република Македонија.
Нотарските денови ги отвори г-дин Васил Кузманоски, Претседател на Нотарскa комора на Република Македонија, со поздравен говор во кој се заблагодари на присутвото на гостите и присутните нотари, а потоа изложи и свој краток осврт кон изборот на темите за советувањето.
На 20 декември во хотел Александар, Палас, Скопје беше одржан свечен настан по повод 20 години основање на Детската амбасада за Сите деца на светот под покровителство на премиерот г-дин Зоран Заев. На овој настан како претставник на Нотарска комора на РМ присуствуваше потпретседателот на Комората и член на Управен одбор, г-дин Наџи Зеќири.
Во периодот од 23 заклучно до 25 октомври 2018 година во Софија, Република Бугарија се одржа Вториот Национален конгрес на бугарските нотари по повод 20 – Годишнината од постоењето на бугарскиот нотаријат. На овој настан присуствуваше македонска делегација предводена од претседателот на Нотарската комора на РМ, г-дин Васил Кузманоски и членовите на Управниот одбор Виолета Ангеловска и Јанко Милушев.
На 31 Март 2018 година во хотел Александар Палас, Скопје се одржа 20 - тото Редовно Годишно Сoбрание на Нотарската комора на РМ и Изборно собрание за избор на членови и заменик членови на Дисциплинскиот совет и Комисијата за надзор над примената на одредбите на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.
На 16 ти декември во Тирана, Р. Албанија се одржа втор конгрес на тема Дигитализација, приоритет за модерен нотаријат. Како претставници од Нотарска комора на РМ на конгресот присуствуваше делегација предводена од Претседателот г-дин Кузманоски Васил, потпретседателот г-дин Зекири Наџи и членот на Управен одбор г-дин Ѓурчиноски Сашо.
Во периодот од 29 септември до 2 октомври 2018 година во хотел Емперадор во Буенос Аирес, Аргентина беше одржан собирот на органи и тела на Меѓународната унија на нотарите и тоа работните комисии, Генералното собрание на нотаријатите – членки (Втора седница на Законодавната комисија за 2017- 2019 г.) и Генералниот совет (Четврта редовна седница на законодавната комисија за 2017 -2019 г.)
По повод јубилејот 10 -години од основање на нотаријатот во Република Српска, делегација предводена од претседателот на Нотарската комора на Република Македонија, г-дин Васил Кузманоски и потпретседателот г-дин Наџи Зеќири беше на службена посета во Бања Лука.
Делегација од Нотарска комора на Република Македонија составена од Претседателот, Васил Кузманоски, нотар од Охрид и м-р Анастазија Анастасовска, стручен соработник беше на работна посета во Брисел, Белгија а по повод генералното собрание на Советот на нотаријатите на Европската Унија (CNUE) одржано на 1 декември, 2017 година каде НКРМ беше и формално претставена како член набљудувач.