По повод јубилејот 10 -години од основање на нотаријатот во Република Српска, делегација предводена од претседателот на Нотарската комора на Република Македонија, г-дин Васил Кузманоски и потпретседателот г-дин Наџи Зеќири беше на службена посета во Бања Лука.

Во рамките на овој настан, претседателот на Нотарската комора на Република Македонија г-дин Васил Кузманоски беше примен од претседателот на Република Српска, г-дин Милорад  Додиќ во Палатата на претседателот на Република Српска заедно со претседателите на Нотарските комори од Западен Балкан и Сојузната Федерална Нотарска комора на Германија. На средбата присуствуваа и Министрите за правда на Република Српска г-дин Антон Касиповиќ и на Република Србија г-ѓа Нела Кубуровиќ, а меѓу другото беше истакнато дека нотаријатот кој е заснован на принципите на латинскиот тип е гарант на правната сигурност на граѓаните и правните лица и е еден од битните предуслови за влез на земјите од Западен Балкан во Еврпската Унија.

Свое обраќање по повод 10 – годишнината на нотаријатит во Република Српска имаа и претставниците на Сојузната Федерална Нотарска комора на Германија, потпретседателот г-дин Ричард Бок како и др. Ловро Томашиќ. Д-р. Томашиќ во своето излагање истакна дека во моментов битката меѓу англосаксонското и континенталното право игра улога во поставеноста на нотаријатите низ земјите.

Како одговор на тоа од страна на Мегународната унија на нотаријатите е направено научно истражување. Од анализираните податоци и споредби помеѓу оние земји во кои нотаријатот е базиран на англосксонското  право и оние кај кои превовладува континенталното право, односно латинскиот тип на нотаријат, како што е и Република Македонија, заклучено е дека има значително по мал број на спорови. Разликата посебно е забележлива кај споровите во однос на недвижности, каде во англосаксонските системи е дури 14%, наспроти минимални 0.6% во земјите каде постои латински тип на нотаријат.

Посетете не

Бул.8-ми Септември бр.2 кат 1,
1000, Скопје, Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816 

+ 389 (0)2 3214 448

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРМ

Понеделник - Петок
8.30ч - 16.30Ч