Во периодот од 2 - 4 јуни 2017 година во Анкара, Турција се одржа 46 - тиот Конгрес на Унијата на нотарите на Турција на кој како претставници на Нотарската комора на РМ присуствуваа претседателот, Васил Кузманоски и потпретседателот и член на Управен одбор, Олга Димовска и членот на Управниот одбор, Сашо Ѓурчиноски. Од името на македонскиот нотаријат од страна на претседателот Васил Кузманоски на претседателот на Унијата на турските нотари г-дин Јунус Тутар беше доделен подарок – филигран со ликот на Александар Македонски.
