CNUE е тело основано во 1993, со седиште во Брисел, а од 1 јануари 2006 добива статус на Совет на нотаријатите на ЕУ и е официјално тело кое ја претставува нотарската професија во односите со Европските институции и ги изразува заедничките одлуки на своите членови во институциите на Европската унија. Во своите редови брои 22 нотаријати на земји-членки на ЕУ: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија и Шпанија. Како и 4 нотаријати, членови со статус на набљудувач: Македонија, Црна Гора, Србија и Турција. Европските нотаријати се претставени во CNUE од страна на Претседателите на националните нотаријати. CNUE работи под раководство на Претседателот, кој има мандат од една година. Мисијата на CNUE е да се промовира нотаријатот и неговиот активен придонес во сите процеси за донесување одлуки во европските институции. Тука се вклучени области како што се правото и правните аспекти во однос на државјанството и водење на бизнис, пристап до правда и заштита на потрошувачите.

Повеќе...

Меѓународната унија на нотарите (UINL) е невладина организација. Таа има за цел да промовира, координира и да ја развие функцијата и работата на нотарите во целиот свет. Унијата се залага за нивното достоинство и независност со цел да се обезбедат подобри услуги за луѓето и општеството во целина.

Формирана од страна на 19-те земји во времето на своето основање во 1948 година, нашата организација брои 87 земји на 20 октомври 2016 година, од кои 22 се од 28те земји-членки на Европската унија и 15 се од 19-те земји членки на Г-20, со што се покажува проширувањето на Европскиот правен систем. Денес таа е воспоставена во речиси 120 земји, во висина од 2/3 од светската популација и со учество од над 60% од светскиот бруто домашен производ.

Раководена од Управниот одбор формиран од 28 членови, и органот за донесување одлуки Генералното собранието на нотаријатите членки каде што секоја земја има право на еден глас, без оглед на нејзината важност. Тука се вклучува и Генералниот совет составен од 172 членови и континентални и интерконтинентални комисии кои работат од научен (стручна обука и истражување), стратешки (развој), економски (мрежи и активности) и социолошки (човекови права и социјална заштита) аспект.

Повеќе...
Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30