сВо периодот од 29 септември до 2 октомври 2018 година во хотел Емперадор во Буенос Аирес, Аргентина беше одржан собирот на органи и тела на Меѓународната унија на нотарите и тоа работните комисии, Генералното собрание на нотаријатите – членки (Втора седница на Законодавната комисија за 2017- 2019 г.) и Генералниот совет (Четврта редовна седница на законодавната комисија за 2017 -2019 г.)

Во рамките на Генерална средба на нотарите и Генерален совет беше презентирана и ,,Студија за дефинирањето на нотарскиот автентичен акт,,изготвен од страна на Работното тело за автентичен акт при Меѓународната нотарска унија (МНУ), а од страна на Работното тело за борба против перењето пари беше извршена презентација на Упатството „Добри практики за спречување на перењето пари и финансирањето на тероризмот во нотарскиот сектор. Како тема од актуелноста беше разработена и презентирана„ Нотарот и лицата од ранливи категории,,.

г д

На овој настан учество зема претседателот на Нотарската коомора на РМ, Васил Кузманоски кој го претставуваше и застапуваше македонскиот нотаријат на Генералното собрание на Меѓународната унија на нотарите и нотар Златко Николовски кој е член на Генералниот совет на Меѓународната унија на нотари.

             ч   м

Во рамките на настанот свечено беше одбележан Светскиот ден на нотаријатот како и  70-годишнината од првиот Меѓународен конгрес на Унијата, кој се одржал на 2 октомври 1948 година во истиот град, Буенос Аирес (Аргентина).

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30