еда

25 -ти Октомври е Европски ден за граѓанска правда што секоја година се одбележува во сите држави во Европа со цел доближување на правдата до граѓаните преку запознавање со нивните основни права во повеќе области. 

 

едџ

Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа кои го поддржуваат организирањето на активности во европските држави преку отворени денови со судови, средби со судии, нотари, извршители, адвокати и медијатори со граѓаните со цел давање информации за нивните права.

њдњ    едрње   

Врз основа на одлука донесена од страна на Управниот одбор на Нотарската комора на РМ нотарите активно се вклучија во одбележувањето на Европскиот ден на граѓанска правда преку организирање на отворен ден во сите нотарски канцеларии на територија на Република Македонија.

едрњ  вфд

Граѓаните и пошироката јавност имаа можност одблиску да се запознаат со работата, надлежностите и одговорноста која нотарската професија ја носи, постапките во кои би можеле да се најдат пред нотарите. Посета на нотарските канцеларии извршија и студенти од втора и трета година од Балканскиот универзитет, учениците од  ОСУ,, Ацо Русковски,, Берово, средношколците од Гимназијата ,, Јане Сандански,, Струмица и уште многу други.

едр

 

 

 

 

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30