Во периодот од 23 заклучно до 25 октомври 2018 година во Софија, Република Бугарија се одржа Вториот Национален конгрес на бугарските нотари по повод 20 – Годишнината од постоењето на бугарскиот нотаријат. На овој настан присуствуваше македонска делегација предводена од  претседателот на Нотарската комора на РМ, г-дин Васил Кузманоски и членовите на Управниот одбор Виолета Ангеловска и Јанко Милушев.

бг 2ор

По повод 20 годишнината од основањето на нотаритијатот во Р.Бугарија свое поздравно обраќање имаше претседателот на Нотарската комора на РМ, Г-дин Васил Кузманоски кој им го честита јубилејот и им посака на нотарите во Бугарија да продолжат да го насочуваaт нотаријатот по патот на вредностите и стандардите, кои и досега беа белег на нивното нотарско работење- професионалност, ефикасност и етика во вршењето на нотарската работа.

                бг 2ор 1          бг 2ор 2

На настанот присуствуваа видни претставници од Меѓународната унија на нотарите меѓу кои потпретседателот на Германската Сојузна нотарска комора  г-дин Ричард Бок, претседателот на КНУЕ д-р Мариус Колер, заменик - министерот за правда на Р.Бугарија г-ѓа Десислава Алдахова, претставници од Нотарските комори од Франција, Германија, Русија, Белорусија, Србија, Хрватска и Унгарија, претставници од правни и административни институции, професори и други истакнати гости.

бг 2ор 200

 

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30