На 21 и 22 април, 2018 година во хотел Метропол и Белви, Охрид беа одржани редовните Нотарските денови во организација на Нотарската комора на Република Македонија.

IMG 0425

Нотарските денови ги отвори г-дин Васил Кузманоски, Претседател на Нотарскa комора на Република Македонија, со поздравен говор во кој се заблагодари на присутвото на гостите и присутните нотари, а потоа изложи и свој краток осврт кон изборот на темите за советувањето.

 IMG 0513   IMG 0467  

IMG 0437  IMG 0528

На Нотарските денови беа презентирани следниве теми:

“Утврдување на вистински сопственици на правни лица, нови индикатори за утврдување на сoмнителни трансакции од страна на нотарите, најнова пракса за утврдување на нелегални финансиски активности во нотарското работење„

IMG 0521

Излагач: Мирјана Мицевска – заменик раководител на Секторот за спречување перење пари и финансирање тероризам, Управа за финансиско разузнавање

 

“Прекин на оставинска постапка„

IMG 0577

Излагач: д-р Арсен Јаневски, професор во пензија

 

“Примена на Законот за градежно земјиште со посебен осврт на заложувањето, пренесувањето на правото на градење и пренесувањето на право на сопственост на градежното земјиште сопственост на Република Македонија оттуѓено по пат на јавно наддавање, како и примена на информацискиот систем за градежно земјиште„

IMG 0581       IMG 0580

Излагачи: Анета Јорданова, Помошник раководител на Сектор за документирање и управување со градежно земјиште и Дејан Митески, Советник во Сектор за документирање и управување со градежно земјиште при Министерство за транспорт и врски на Република Македонија

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30