Во периодот од 23 заклучно до 25 октомври 2018 година во Софија, Република Бугарија се одржа Вториот Национален конгрес на бугарските нотари по повод 20 – Годишнината од постоењето на бугарскиот нотаријат. На овој настан присуствуваше македонска делегација предводена од претседателот на Нотарската комора на РМ, г-дин Васил Кузманоски и членовите на Управниот одбор Виолета Ангеловска и Јанко Милушев.
