Нотаријатот е самостојна и независна јавна служба во која се вршат работи од видот на јавни овластувања, кој е етаблиран во правосудниот систем на Република Македонија во 1996 година.
Помошник - нотар е лице кое има положено испит за помошник-нотар ги исполнува условите за именување на нотар и е вработено во канцеларијата на нотарот и е запишан во Именикот на помошници-нотари што го води Комората. Сите работи кои ги врши помошник - нотарот имаат иста правна сила како непосредно да ги извршил самиот нотар, за што покрај печатот на нотарот става свој печат со содржина „помошник-нотар” и свој потпис. Нотарот може во секое време на својот помошник-нотар да му ги одземе или ограничи дадените овластувања. Правниот однос помеѓу нотарот и помошник-нотарот се уредува со меѓусебен договор кој се склучува со денот на именувањето на помошникот- нотар.
ПовеќеАко нотарот е отсутен, болен или од други оправдани причини е спречен да ја врши својата служба, може да се именува заменик-нотар кој се запишува во Именикот на заменици-нотари што го води комората. Заменик-нотар може да биде лице кое има положено испит за заменик- нотар и ги исполнува другите условите за именување. Заменик-нотарот ја води нотарската канцеларија за сметка и на товар на нотарот. Заменик-нотарот ги врши сите работи кои според закон е овластен да ги врши нотарот.
ПовеќеНотарските стручни соработници се дипломирани правници кои положиле испит за нотарски стручни соработници, вработени се во канцеларијата на нотарот и се запишани во Именикот на нотарски стручни соработници што го води Комората врз основа на доставена пријава и докази за исполнување на условите од страна на нотарот. Нотарскиот стручен соработник може да ги врши сите работи кои според законот е овластен да ги врши нотарот, но под контрола на нотарот, и тој не смее да потпишува.
повеќе