Нотарски стручен соработник
Нотарските стручни соработници се дипломирани правници со завршено четиригодишно високо образование на правни студии или дипломиран правник кој според Болоњската декларација има 300 кредити на правни студии според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) или нострифицирана диплома за завршени правни студии во странство во траење од четири години или според Болоњската декларација има 300 кредити на правни студии според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), кои положиле правосуден испит, се вработени во канцеларијата на нотарот и се запишуваат во Именикот на нотарски стручни соработници што го води Комората. Нотарскиот стручен соработник може да ги врши сите работи кои според законот е овластен да ги врши нотарот, но под контрола на нотарот, и тој не смее да потпишува.
Нотарски приправник
Нотарски приправник е дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование на правни студии или дипломиран правник со стекнати 300 кредити на правни студии според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), кој е вработен или извршува волонтерски работи во нотарската канцеларија и е запишaн во Именикот на нотарските приправници кој го води Комората врз основа на доставена пријава и докази за исполнување на условите од страна на нотарот. Нотарскиот приправник на работа кај нотарот, стручно се оспособува за полагање на нотарски испит или друг стручен испит. Нотарот е должен да го следи и помага стручното оспособување на приправникот и да го контролира неговото присуство. Времето поминато како нотарски приправник се изедначува во поглед на правото на полагање на правосуден и нотарски испит, испит за извршители или друг стручен испит. Во текот на стручното оспособување на нотарскиот приправник, надзор врши Комората која со свој акт може да го пропише начинот на обуката.