Ако нотарот е отсутен, болен или од други оправдани причини е спречен да ја врши својата служба, може да се именува заменик-нотар кој се запишува во Именикот на заменици-нотари што го води комората. Заменик-нотар може да биде лице кое има положено испит за заменик- нотар и ги исполнува другите условите за именување. Заменик-нотарот ја води нотарската канцеларија за сметка и на товар на нотарот. Заменик-нотарот ги врши сите работи кои според закон е овластен да ги врши нотарот. При составување на актите, записниците и исправите мора да го назначи своето име, презиме и својство, бројот на решението со кое е определен, како и името и презимето на нотарот што го заменува, ги води нотарските деловни книги на нотарот, ги употребува службениот печат, сув жиг, жиг за восок и штембилите на нотарот кај кој работи, како и свој печат со назнака „заменик-нотар” и свој потпис. Исправите што тој ги составува и заверува се чуваат во архивата на нотарот. Сите работи кои ги врши заменик-нотарот имаат иста правна важност како да ги врши нотарот кој го заменува.

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30