Нотарска комора на Република Македонија стана член на Советот на нотаријатите на Европската унија (CNUE) со статус на набљудувач Советот на нотаријатите на Европската унија (CNUE) на Генералното собрание одржано на 16 и 17.6.2017 година, во Шпанија ја одобри апликацијата и ја прифати Нотарската комора на Република Македонија за член со статус на набљудувач во CNUE. CNUE е тело основано во 1993, со седиште во Брисел, а од 1 јануари 2006 добива статус на Совет на нотаријатите на ЕУ и е официјално тело кое ја претставува нотарската професија во односите со Европските институции и ги изразува заедничките одлуки на своите членови во институциите на Европската унија.

Во своите редови брои 22 нотаријати на земји-членки на ЕУ: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија и Шпанија. Како и 3 нотаријати, членови со статус на набљудувач: Црна Гора, Србија и Турција. Европските нотаријати се претставени во CNUE од страна на Претседателите на националните нотаријати. CNUE работи под раководство на Претседателот, кој има мандат од една година.За мандатниот период за 2017 Претседател на CNUE е г-дин Хозе Мануел Гарсија Колантес, нотар од Мадрид, Шпанија, кој во своето обраќање на официјалната web страна www.notaries-of-europe.eu меѓу другото истакнува: “...Нотарот ја зазема својата активна улога низ светот. Се поголем број на земји ги модифицираат нивните закони и воспоставуваат латинско - германски модел на нотаријат. Ние обезбедуваме општество со превентивна правна сигурност, благодарение на јавните овластувања што државата ги доделува на нотарот. Преку нашето учество, актите и договори меѓу поединците влегуваат во правниот промет откако нивната законитоста е прегледана и потврдена. Ние сме непристрасни и обезбедуваме дополнителна правна заштита на најранливите страни во рамките на договорот, обично тука станува збор за потрошувачите. Тоа ги претставува нашите вредности. Убеден сум дека ние ќе продолжиме да бидеме потребни и корисни за европското општество сѐ додека научиме да се прилагодиме во чекор со  времето, притоа чувајќи ја бараната правна сигурност со истото ниво на квалитет, точност и интегритет....“ Мисијата на CNUE е да се промовира нотаријатот и неговиот активен придонес во сите процеси за донесување одлуки во европските институции. Тука се вклучени области како што се правото и правните аспекти во однос на државјанството и водење на бизнис, пристап до правда и заштита на потрошувачите. CNUE е присутен во сите политички и технички прашања кои имаат влијание на нотарската професија, а неговите членови добиваат редовни известувања за случувањата во европската легислатива и иницијативи преземени од страна на институциите на ЕУ, како и помош во континуирана обука на нотарите во однос на правото на ЕЗ. Во рамките на Советот се спроведуваат проекти со европска димензија која ги вклучува сите негови членови, а се со цел да се подобрат и моделираат областите на правдата, слободата и безбедноста на граѓаните. Нотарската комора на Република Македонија на чело со Претседателот г-дин Васил Кузманоски преку членството во CNUE ќе се залага за подобрување на билатералните односи со нотаријатите на земјите членки на Европската унија како и кон доближување и прилагодување на македонскиот нотаријат кон европските правила и прописи. Воедно стремејќи се да им овозможи европско искуство и на македонските граѓани во однос на заштита и сигурност во правниот промет за постапки кои се водат пред нотар. Нотарската комора на Република Македонија исто така активно членува и во Меѓународната унија на нотаријатите (UINL) од 2001 година.Советот на нотаријатите на Европската унија (CNUE) на Генералното собрание одржано на 16 и 17.6.2017 година, во Шпанија ја одобри апликацијата и ја прифати Нотарската комора на Република Македонија за член со статус на набљудувач во CNUE.

Посетете не

ул. Бул.8-ми Септември бр.2 кат 1,
1000, Скопје, Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816 

+ 389 (0)2 3214448

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРМ

Понеделник - Петок
8.30h - 16.30h