Меѓународната унија на нотарите (UINL) е невладина организација. Таа има за цел да промовира, координира и да ја развие функцијата и работата на нотарите во целиот свет. Унијата се залага за нивното достоинство и независност со цел да се обезбедат подобри услуги за луѓето и општеството во целина.

Формирана од страна на 19-те земји во времето на своето основање во 1948 година, нашата организација брои 87 земји на 20 октомври 2016 година, од кои 22 се од 28те земји-членки на Европската унија и 15 се од 19-те земји членки на Г-20, со што се покажува проширувањето на Европскиот правен систем. Денес таа е воспоставена во речиси 120 земји, во висина од 2/3 од светската популација и со учество од над 60% од светскиот бруто домашен производ.

Раководена од Управниот одбор формиран од 28 членови, и органот за донесување одлуки Генералното собранието на нотаријатите членки каде што секоја земја има право на еден глас, без оглед на нејзината важност. Тука се вклучува и Генералниот совет составен од 172 членови и континентални и интерконтинентални комисии кои работат од научен (стручна обука и истражување), стратешки (развој), економски (мрежи и активности) и социолошки (човекови права и социјална заштита) аспект.

Комисии и работни групи

Комисиите формираат со цел да се занимаваат со прашања во врска со нотарското работење од техничка и правна гледна точка. Тие се задолжени за организирање на семинари и работилници.

Тие се поделени во континентални комисии: Комисија за Африкански прашања, Комисија за Американски прашања, Комисија за Европски прашања и Комисија за Азиски прашања; и интерконтинентални комисии: Комисија за Меѓународна нотарска соработката, Советодавната комисија, Комисија во однос на теми и конгреси, Комисија во однос на нотарската деонтологија, Комисија за социјално осигурување и Комисија за човекови права.

Работните групи учествуваат во спроведувањето на акциониот план на Унијата, особено во областа на одржување партнерства со меѓународни организации и нотарски мрежа.

 Цели

Промовирање и применување на основните принципи на нотарскиот систем на граѓанско право и принципите на нотарска деонтологија;

Претставување на нотаријатот и соработка со меѓународни организации;

Соработка со државни органи и институционални органи во секоја земја;

Изучување и истражување на правото во областа на нотаријатот и соработка за да се усогласат националните законодавства на меѓународно ниво;

Промовирање, организирање и развој на стручна обука и поддршка на научни трудови од областа на нотарското право;

Изучување и систематски обработка на законите во однос на граѓанско правниот нотарски систем;

Промовирање на меѓународни конгреси, конференции и состаноци.

Промовирање и воспоставување односи со:

нотаријатите кои се во развој и нотарите во земји во кои нема нотарски организациите за да работат за нивниот развој и организирање со цел нивен прием во Унијата;

нотарски организации под правни системи кои имаат право да се приклучат на граѓанско правниот нотарски систем;

организации кои не се дел од нотарски систем со цел да соработуваат со нив во области од заеднички интерес.

Поддршка на развојот на правото во земјите.

Собранието на Нотарските комори – членки, кои се состанаа на 29 и 30 септември 2001 година во Атина, донесе едногласна одлука и позитивно се изјасни за барањето за зачленување на Нотарската комора на Република Македонија. Соодветно на тоа, Нотарската комора на Република Македонија е полноправна членка на Меѓународната Унија на латинскиот нотаријат почнувајќи од 30 септември 2001 година.

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30