На 28 октомври 2026 година, во Македонската филхармонија во Скопје, претседателот на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Цела Малева Стоев, присуствуваше на промоцијата на мобилната апликација „м.Услуги“, во организација на Министерството за дигитална трансформација.
На настанот беа претставени функционалностите на апликацијата, наменета за поедноставен пристап на граѓаните до електронските јавни услуги и дигиталните документи преку мобилен телефон.
Присуството на Нотарската комора на овој настан е во рамките на нејзините заложби за следење на процесите на дигитализација и унапредување на соработката со надлежните институции, со цел поефикасни услуги и поголема правна сигурност на граѓаните.
