На ден 5 октомври 2026г. во просториите на Нотарската комора претседателот на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев одржа средба со Амбасадорот на Република Франција, екселенција Cristophe Le Rigoler и претставници на Амбасадата.
На средбата се разговараше за улогата и значењето на нотаријатот во правосудниот систем, со посебен осврт на принципите на латинскиот нотаријат и нивното значење за обезбедување правна сигурност и превентивна правна заштита.
Беа разменети мислења и за реформските процеси во нотаријатот, дигитализацијата на нотарските услуги, унапредувањето на законската рамка, како и за улогата на нотаријатот во спречувањето на перењето пари и финансирањето на тероризмот.
На средбата беше истакната важноста од понатамошно унапредување на институционалната соработка и размена на искуства, во насока на јакнење на нотаријатот и негово усогласување со европските стандарди и препораките на Европската комисија.

