На 28.09.2026 година, во просториите на Управата за водење на матичните книги, се одржа работен состанок со учество на претставници на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Управата за водење на матичните книги, Министерството за дигитална трансформација и информатички стручни лица.
На состанокот се разговараше за поврзување на Централната електронска архива на нотарите со Управата за водење на матичните книги преку Националната платформа за интероперабилност.
Целта е да се овозможи нотарите, во рамките на нотарските постапки, електронски да прибавуваат податоци и изводи од матичните книги на родените, венчаните и умрените, со што ќе се олесни и забрза постапувањето и ќе се намали административниот товар за граѓаните.
На состанокот беа разгледани и техничките можности и следните чекори за реализација на поврзувањето, како дел од процесот на дигитализација и унапредување на нотарските услуги.

