Хуманоста и споделувањето се неизоставен дел од празничната традиција која Нотарската комора на Република Северна Македонија ја практикува низ годините. Оваа година ја посветивме на Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово и Центарот за деца со церебрална парализа во Скопје.
2019 donacija centar skopje slika 
На 24 декември во посета на Центарот за деца со посебни потреби во Тетово беше потпретседателот на Нотарската комора на РМ, нотар Наџи Зеќири и членот на Комисијата за вршење надзор над примената на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам при Нотарската комора, нотар Тодор Бошковски  кои извршија примопредавање на донација – новогодишни пакетчиња и едукативни табли и играчки за децата со посебни потреби. На 27 декември во Дневниот центар за деца со посебни потреби ќе биде организирана приредба на која во знак на благодарност за донацијата ќе биде доделена Благодарница на Нотарската комора на РСМ.
2019 донација слика
На ден 26 декември во посета на Центарот за деца со церебрална парализа во Скопје беше потпретседателот на Нотарската комора на РМ, нотар Олга Димовска и членот на Управниот одбор, нотар Анита Адамческа кои во присуство на градоначалникот на општина Центар, г-дин Саша Богдановиќ на дечињата кои престојуваат во центарот им беа поделени новогодишни пакетчиња.
2019 donacija слика 2 скопје
Управниот одбор на Нотарската комора на Република Северна Македонија на 13.12.2019 година донесе одлука за доделување на финансиска помош на настраданите во земјотресот кој се случи на 26 ноември 2019 година во Драч, Албанија. Во донацијата на повик на Нотарската комора се вклучија и голем број на нотарите од Република Северна Македонија со свои финансиски парични средства на доброволна основа. Вкупно собраните парични средства  во износ од 213.500,00 денари се уплатени на Фондот за солидарност на Црвен крст на Република Северна Македонија кои заедно со останатите собрани средства ќе бидат префрлени на Црвениот крст во Албанија со цел санирање на последиците од разорниот земјотрес.
2019 donacija слики тетово 2 2019 donacija slika tetovo
Хуманоста и солидарноста немаат граници, а подадената рака е секогаш добродојдена онаму каде што е потребно. 
 
Нотарска комора на Република Северна Македонија и во иднина како и до сега ќе продолжи со хуманитарни акции и донации во текот на целата година. 
Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30