Делегација на Нотарската комора на Р. Косово предводена од претседателот Алириза Беши, членови на Комората како и претставници од Министерството за правда на Р. Косово во х. Холидеј ИН, Скопје на 9 февруари 2019г. оствари работна средба со делегација на Нотарската комора на Р. Македонија предводена од претседателот Васил Кузманоски.
Цел на посета беше размена на искуства во однос на дигитализацијата на нотаријатот и презентација на системите со кои располага македонскиот нотаријат. На средбата беа отворени и прашања во однос на дисциплинската постапка против нотарите, безбедноста на дигиталните податоци, именување на помошници нотари и други теми поврзани со нотаријатот.
По одржаниот состанок делегацијата на Нотарската комора на Р. Косово ја посети нотарската канцеларија на нотар Муамет Шеху од Скопје. Во канцеларијата на нотарот имаа можност чекор по чекор да видат како се врши упис во системот на Агенцијата за катастар на недвижности, а презентиран беше и системот Нотариус во кој работат нотарите во Р. Македонија.
На крајот на работната средба претседателите на двете Комори изразија задоволство од досегашната меѓусебната соработка како и надеж дека истата во иднина ќе се продлабочи.