На 17 септември 2018 година во просториите на Нотарската комора на РМ беше одржана средба меѓу претставници на Нотарската комора и Комората на извршители на РМ.

slika 1

 

На оваа средба присуствуваше претседателот на Нотарската комора на РМ г-дин Васил Кузманоски, потпретседателите и членовите на Управен одбор, г-ѓа Олга Димовска и г-дин Наџи Зеќири,претседател на Стручниот совет на Нотарската комора на РМ г-дин Златко Николовски како и претседателот на Комора на извршители г-дин Зоран Димов, членот на Управниот одбор на Комората на извршители г-ѓа Роза Родич и Претседателот на Дисциплинска комисија на КИРМ г-дин Николче Диневски.

slika2

Целта на овој состанок беше зајакнување на досегашната успешна соработка помеѓу овие две професии, нотарите и извршители, лица со јавни овластувања на кои државата им довери да вршат надлежности во нејзино име. Иако во суштина станува збор за две сосема различни професии со различни надлежности, сепак нотарите и извршители се тесно поврзани, кои имаат заеднички цели и интереси, а тоа е делување во името на државата и заштита на правата и интересите на граѓаните, па преку зголемена меѓусебна соработка би довело до олеснување на функционирање на овие две фејли.

Посетете не

бул. 8-ми Септември, бр. 2 кат 1, 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Локација

Контактирајте не

Тел: + 389 (0)2 3115 816

Email: contact@nkrm.mk
Работно време

НКРСМ

Понеделник - Петок
8:30 - 16:30