Делегација предводена од претседателот на Нотарската комора г-дин Васил Кузманоски, претседателот на Меѓународната унија на нотарите г-дин Хозе Маркењо де Ллано (José Marqueño de Llano) , Потпретседателот на Германската сојузна нотарска комора и потпретседател на Комисијата за меѓународна соработка при Мегународната унија на нотаријатите г-дин Ричард Бок (Richard Bock) и д-р Ловро Томашиќ, нотар во Германија во склоп на прославата 20 години од основањето на нотаријатот во РМ оствари работна средба со Министерката за правда д-р Рената Дескоска.
На средбата се дискутираше за соработката помеѓу Министерството за правда и Нотарската комора на РМ како и поддршката која меѓународните институции можат да ја дадат за идни реформи и унапредување на нотаријатот во Република Македонија.
Претставниците на меѓународната заедница истакнаа задоволство од работењето на нивните колеги нотари во Република Македонија, но и загриженост и итни потреби од реформи во однос на сегашното законско решение.