На 12 мај 2017 година во Сараево, БИХ се одржа јубилеј – 10 годишнина на нотаријатот во Босна и Херцеговина на која како претставник од Нотарската комора на РМ, присуствуваше потпретседателот и член на Управен одбор, Наџи Зеќири. На овој настан беше промовирана и Монографијата за нотаријатот во Босна и Херцеговина.