Од 6 до 8 ноември 2026 година, во хотел „Ангро Палас“ во Кавадарци, се одржа меѓународната научна конференција „Тиквешки правнички денови – 2026“, во организација на Институтот за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика Прима“. Конференцијата, насловена „Еднакви пред законите, нееднакви пред правдата: Како да ја вратиме довербата на граѓаните?“, обедини претставници на правните професии и на академската заедница од земјата и од странство.

На свеченото отворање на конференцијата, на 7 ноември 2026 година, поздравно обраќање имаше нотар Цеца Малева Стоев, претседател на Нотарската комора на Република Северна Македонија.

viber_image_2026-11-09_09-27-37-319.jpg

Во работниот дел на конференцијата, нотар Оливера Пешиќ, член на Стручниот совет на Нотарската комора, учествуваше како панелист на првиот панел „Како да ја вратиме довербата на граѓаните во правото и правниот систем: Има ли надеж?“. Панелот отвори простор за размена на гледишта меѓу претставници на судството, нотаријатот и академската заедница за тоа како да се зајакне довербата на граѓаните во правниот систем.

viber_image_2026-11-09_09-27-25-982.jpg

Претседателот Цеца Малева Стоев учествуваше како панелист на третиот панел „Дали е време за примирје: Како правничката фела да се обедини за поголема предвидливост на правото и правната сигурност за странките?“. Во фокусот на панелот беше соработката меѓу правните професии за попредвидлива примена на правото и поголема правна сигурност за странките. Со панелот модерираше проф. д-р Ангел Ристов, член на Стручниот совет на Нотарската комора.

На конференцијата присуствуваа и други претставници на Нотарската комора. Со учеството на своите претставници, Комората придонесе во стручниот дијалог за довербата во правниот систем и за соработката меѓу правните професии.

 

viber_image_2026-11-09_09-28-00-357.jpg