Претседателот на Нотарската комора на Република Северна Македонија, нотар Цеца Малева Стоев, учествуваше на 122. Конгрес на нотарите на Франција, кој се одржа од 30 септември до 2 октомври 2026 година во Лил, Франција, како меѓународен гостин на претседателот на Високиот совет на нотарите на Франција, Bertrand Savouré.

Конгресот, посветен на темата „Нотарот и данокот“, собра бројни претставници на францускиот нотаријат, високи претставници на француските институции и гости од нотарските комори од повеќе земји.

На свеченото отворање се обратија високи претставници на француските институции, меѓу кои Amélie Verdier- генерален директор на Генералната дирекција за јавни финансии (DGFiP), и Valérie Delnaud - директор на Дирекцијата за граѓански работи и печат.

Во рамки на програмата за меѓународните гости беа организирани работилници и стручни сесии посветени на актуелни прашања од нотарската професија, меѓу кои меѓународното наследување, нотарската етика и примената на вештачката интелигенција во нотаријатот, како и официјални приеми и средби со претставници на нотарските комори и организации од различни земји.

Учеството на овој меѓународен настан претставува важна можност за размена на искуства и добри практики, зајакнување на соработката со европските нотарски комори и афирмација на македонскиот нотаријат во рамки на меѓународната нотарска заедница.

viber_image_2026-10-06_09-08-17-247.jpg  viber_image_2026-10-06_09-06-32-694.jpg