На 16 септември 2026 година, во Министерството за внатрешни работи, преставници на Нотарската комора на РСМ, предводени од претседателот Цеца Малева Стоев одржаа работна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
На средбата беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу двете институции, особено во делот на електронската размена на податоци.
Посебно внимание беше посветено на потребата од електронско поврзување на нотарите со Регистарот на возила и Регистарот на лични документи на МВР, со што би се овозможиле побрзи, поефикасни и поедноставни постапки, што би било од корист како за нотарите и институциите, така и за граѓаните.
На средбата беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на комуникацијата и преземање конкретни активности со цел што поскоро воспоставување на предвидените форми на соработка.