logo3             UINL INI 28.11.2019

Во временскиот период од 25-30 ноември 2019 година, во Џакарта, Индонезија се одржа Изборно собрание на Меѓународната унија на латинскиот нотаријат и 29-иот Меѓународен конгрес на нотаријатите кои се членки на Меѓународната унија. На овие значајни настани активно учество зема и делегација на Нотарската комора на Република Северна Македонија, составена од претседателот на Комората, г. Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор на Комората, нотар м-р Сашо Ѓурчиноски.

2019.11.28 72581449 542207639849012 315249555849347072 o

2019.11.28 7 2019.11.28 3

На заседанието на Изборното собрание избрано е ново раководство на Меѓународната унија на латинскиот нотаријат, кое во наредниот тригодишен период ќе го предводи Кристина Армела, нотар од Аргентина.

2019.11.28 16 2019.11.28 9(претседателот на НКРСМ, г. Васил Кузманоски го дава својот глас на Изборното собрание и делегацијата на НКРСМ со новиот претседател на УИНЛ, нотар Кристина Армела од Аргентина)

Истотака, на ова Изборно собрание се гласаше и избрани се и потпретседатели на Унијата и членови на повеќе органи и тела и континетални комисии на Унијата, меѓу кои и членови на Генералниот совет на Унијата, кое е советодавно тело на УИНЛ, задолжено за политичко и научно размислување. Нотар Мери Весова од Скопје, е избрана за член на Генералниот совет на Унијата, која како претставник на Нотарската комора на Република Северна Македонија активно и рамноправно ќе учествува во неговата работа.

2019.11.28 14 2019.11.28 15

Делегацијата на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Претседателот, г. Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор, нотар м-р Сашо Ѓурчиноски активно учестуваа на Изборното собрание и на Меѓународниот Конгрес, при што нотар м-р Сашо Ѓурчиноски имаше изготвено писмен материјал на тема: "Валидност на принципите на нотаријатот во 21 век", која истовремено беше доставена од повеќе нотаријати – членки на Унијата и беше предмет на расправа на 29-иот Конгрес.

На Конгресот присуствуваа повеќе од 1500 нотари од целиот свет и за нови членки на Меѓународната унија на латински нотаријати беа примени Белорусија и Либан, така да сега вкупниот број на членови изнесува 89 членки.

 

УИНЛ 2019.11.28 13 2019.11.28 8

Претседателот Васил Кузманоски и членот на Управниот Одбор Сашо Ѓурчиноски остварија повеќе средби со раководството на Меѓународната унија, беше поднесен годишен извештај за работењето на Нотарската комора на Република Северна Македонија, како и извештај за моменталната состојба на нотаријатот во Република Северна Македонија.

2019.11.28 1

(Делегација на НКРСМ со дел од делегацијата на Нотарска комора на Хрватска и Црна Гора)

Воедно претседателот на Комората, г. Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор Сашо Ѓурчиноски остварија средба и со новиот претседател на Меѓународната унија на латински нотаријат, г-ѓа Кристина Армела од Аргентина, која беше запозната со состојбата на нотаријатот во Република Северна Македонија и истата изрази поддршка на македонскиот нотаријат и спремност да ја посети Република Северна Македонија во својот престоен мандат.