На 15 и 16 јуни 2019 година во Мадрид, Шпанија се одржа Вонредна седница на Собранието на Меѓународната унија на нотарите во врска со правниот статус на Унијата. На овој собир присуствуваа претседателот на Нотарската комора, Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор, Сашо Ѓурчиноски.

 

Собранието беше одржано  во седиштето на шпанскиот нотаријат во Мадрид и се дискутираше за правната состојба на Унијата и беа презентирани на предлозите и дебата за поднесените предлози во врска со правниот статус на Унијата, како и на крајот се пристапи кон усвојување на релевантните одлуки кои имаат најширок можен опсег, вклучувајќи, доколку е потребно, измена на Статутот.

 

Исто така, во рамки на Вондредното Собрание на нотаријатите членки на УИНЛ претставниците на Нотарската комора на Република С. Македонија остварија средба и тоа со Претседателот на Меѓународната унија на нотарите, г-дин Хозе Марќењо де Лано при што разговараа за моменталната правна ситуација во Унијата, како и за состојбата на нотаријатот во нашата држава.

Беше остварена средба и со потпретседателот на Германската нотарска комора г-дин Ричард Бок при што произлезе иницијатива за склучување на договор за соработка помеѓу Нотарската комора на РСМ и Германската нотарска комора во Берлин со учество на Министерството за правда и Амбасадата во Берлин.

Воедно беа остварени средби и со претседателите на Нотарските комори на Србија, Црна Гора и Хрватска при што се разговараше за понатамошна соработка помеѓу нотарските комори, а од претседателката на Нотарската Комора на Хрватска беа презентирати повеќе новини и искуства за електронското водење на уписниците.