IMG 2026

По повод 25 години од постоењето на Советот на нотаријати на Европска унија (CNUE) на 5 декември 2018г. во Европски парламент, зграда Алтеро Спинели, Брисел, Белгија се одржа свечена седница.

брисел сл 5 2329x1012

На свечената седница беа присутни членови на Европскиот парламент, Европската комисија, високи делегати од Меѓународната унија на нотаријатите како и делегации од 22те земји членки и 4те земји набљудувачи на CNUE, делегацијата на Нотарска комора на РМ беше во состав, претседател г-дин Васил Кузманоски и стручен соработник м-р Анастазија Анастасовска.

programme 25 years en

Тема на седницата беше "Советот на нотаријатите на Европската унија - 25 години во служба од областа на правда, слобода и безбедност", а во срцето на Европа за придобивките од нотаријатот и важноста на професијата говореа, г-дин Даниел Буда и г-дин Кристијан Силвио Бусои, членови на Европскиот парламент, г-ѓа Тина Астола, Генерален директор на Генералниот директорат за правда при Европската комисија, г-дин Стефан Лејенбергер Извршен секретар на Европска комисија за ефикасност на правдата, при Советот на Европа, г-дин Хозе Марќењо де Лано претседател на Меѓународната унија на нотарите како и г-дин Мариус Кохлер претседател на Советот на нотаријатите на Европската унија.

По свечената седница на 6 декември 2018г. се одржа и редовното генерално собрание на Советот на нотаријати на Европската унија. На средбата секој од присутните имаше можност да даде краток извештај за новостите поврзани со нотаријатот. Од страна на делегација на НКРМ беше изложена моменталната состојба со Законот за нотаријатот како и потребата за измена на моменталното законско решение, а се со цел да се доближиме до европските стандарди. Дискутирани беа и други теми од областа на работењето на нотарите, а избран беше и нов претседател на CNUE за 2019г. г-дин Пјер-Лук Фогел, нотар од Франција.

брисел сл 1 800x600  брисел сл 2 800x600