Во согласност со член 116 од Законот за нотаријатот, ако нотарот умре, ако е преместен, ако е привремено оддалечен од вршењето на нотарската служба, привремено или трајно му е одземено правото за вршење на нотарската служба, ако му престане нотарската служба или е отсутен, а има неодложна потреба од довршување на започнати работи, а нема заменик-нотар, претседателот на Комората по службена должност, а по претходно прибавено мислење од Управниот одбор на Комората ќе определи нотар кој привремено ќе ја врши службата од редот на нотарите именувани за истото службено подрачје, а доколку на тоа службено подрачје нема друг нотар од најблиското службено подрачје. Нотарот кој привремено ја врши нотарската служба ги довршува започнатите работи на нотарот во чие име ја врши службата. Нотарот кој привремено ја врши нотарската служба не смее да презема нови работи, освен во случаите предвидени со членовите 26 став (10), 28 став (3) и 32 став (5) од Законот за нотаријатот. При довршување на започнатите работи, мора да го назначи своето име, презиме и својство, бројот на решението со кое е поставен и употребува службен печат со назнака „Нотар кој привремено ја врши нотарската служба”, како и својот сув жиг, жиг за восок и штембилите и квалификуваниот сертификат издаден од овластен издавач. Исправите што тој ги составува и заверува се чуваат во архивата на нотарот кој привремено ја врши нотарската служба. Сите работи што ги врши нотарот кој привремено ја врши нотарската служба имаат иста правна важност како непосредно да ги извршил самиот нотар.

На следниот линк може да ја преземете табелата - СПИСОК со податоци за нотар кој привремено ја врши службата