На 10 септември 2026 година, во просториите на АД „Пошта на Северна Македонија“, беше остварена работна средба помеѓу претставници на Нотарската комора на Република Северна Македонија, предводени од претседателот на Комората, Цеца Малева Стоев, и генералниот директор на АД ,, Пошта на Северна Македонија, г-дин Орхан Куртиши, директор за поштенски операции г-дин Бојан Кереметески и други претставници од Пошта.
На средбата се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка и за можностите за унапредување и поефикасно организирање на доставата на писмените пратки во рамките на нотарското работење.
Посебен акцент беше ставен на практичните предизвици со кои се соочуваат нотарите при доставата, како и на изнаоѓање решенија кои ќе придонесат за навремена, сигурна и поефикасна достава.
Со отворен дијалог и заеднички пристап, Нотарската комора и АД „Пошта“ продолжуваат да работат на унапредување на соработката во интерес на ефикасното нотарско работење и правната сигурност на граѓаните.