На 1 Април 2017 година во хотел Александар Палас, Скопје се одржа 19 -тото Редовно Годишно Сoбрание на Нотарската комора на РМ.
На Годишното Собрание беа усвоени извештаите од работењето на органите на Нотарската комора на РМ во претходната година, додека од страна на претседателот г-дин Васил Кузманоски беа изнесени резултатите од успешното функционирање на нотаријатот во Република Македонија.