На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на 26 октомври 2026 година се одржа завршниот настан на проектот „Континуирано правничко образование и квалификации за модерна правна професија“, на кој Нотарската комора на Република Северна Македонија беше претставувана од нотар Наташа Пејкова од Скопје.
На настанот беа претставени клучните наоди и резултати од проектот, со посебен осврт на значењето на континуираното стручно усовршување и надградувањето на професионалните знаења, компетенции и вештини на правниците.
Посебно внимание беше посветено на размената на искуства и ставови меѓу претставниците на академската заедница и правните професии во однос на потребата од систематско и континуирано надградување на професионалните знаења, компетенции и вештини на правниците. Воедно, беа разгледани можните форми, модели и перспективи за натамошно развивање и унапредување на правничкото образование.
Учеството на претставник на Нотарската комора е во насока на поддршка на иницијативите за континуирано стручно усовршување и зајакнување на соработката со академската заедница и другите правни професии. Ваквите настани претставуваат значајна можност за размена на искуства и за согледување на потребите од натамошно унапредување на професионалното образование, во интерес на квалитетното вршење на нотарската служба и правната сигурност на граѓаните.