Врз основа на член 57 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење нa нотарските работи (,,Службен весник на РМ’’ бр . 25/98),

Основачкото собрание на именуваните нотари во Република Македонија, на 15.08.1998 година, донесе


О
ДЛУКА

ЗА ОСНОВАЊЕ НА НОТАРСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

Член1

Се основа Нотарска комора на Република Македонија (во натамошниот текст: Комората).


Член2

Седиштето на Комората е во Скопје.

 

Член3

Привремената адреса на Комората е во просториите на Министерството за правда, на ул. ДимитријаЧуповски бб Скопје.

 

Член4

Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

Член5

Одлуката се објавува во,,Службен весник на Република Македонија’’.

 

15 август 1998 година, Скопје  

Работно претседателство,

Претседавач,

 Никола Кајчевски,с.р.